3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota повлекува 6.39 милиони возила поради различни проблеми

Toyota повлекува 6.39 милиони возила поради различни проблеми

tojota povlekuvanje

Јапонската автомобилска компанија „Toyota Motor Corp.“ ќе повлече од пазарот 6.39 милиони возила поради различни проблеми кои се забележани кај 27 модели на оваа компанија во Јапонија, САД, Европа и на другите пазари.

Досега не биле пријавени повреди или незгоди поврзани со повлекувањето на возилата, кое е објавено денеска, но пријавени се два пожари кои се во врска со еден од проблемите, неисправен стартер на моторот, кој агрегатот го одржува во погон.

Некои од возилата ќе бидат повлечени поради повеќе од еден проблем, а вкупно досега ќе бидат повлечени 6,76 милиони возила.

Околку 3.5 милиони автомобили се повикани поради замена на кабелот кој води до воздушното перниче пред сувозачот. Кабелот може да биде оштетен при вртењето на управувачот, поради тоа што воздушното перниче не се активира при незгода.

Овој повик се однесува на 27 различни модели „Toyota“ произведени во периодот од април 2004-та до август 2013-та.

Меѓу причините за повлекување на возилата „Toyota“ ги навела и проблемите со шините на седиштата, носачите на воланот и моторот на брисачите на шофершајбната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП