28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.04.2014

Дневен хороскоп 09.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Премногу сте изложени на надворешни влијанија. Воздржете се било какво донесување на одлука за имотни и семејни прашања. Не слушајте совети од најблиските, сепак одлуката ќе биде премногу субјективна.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не се трошете до крај. Внимавајте на реакцијата на вашиот организам од физички аспект и не дозволувајте да останете на последната капка енергија. Во случај сепак да се потрошите, најдобро е да обезбедите одмор следните неколку денови.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Напрегнатоста ви е без видлива причина и од недостаток на контрола можете да створите големи глупости. Ако е возможно дејствувајте самостојно. Денес е добро во целост да се изолирате и да ги намалите контактите на минимум.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Пред да преземете било каква акција најдобро е да проверите дали имате навремени и точни информации. Притоа, тоа да го сторите сами без никого да инволвирате. Прифатете непланирани покани за средби, ќе профитирате од нив.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не очајувајте од неуспесите. Повеќето проблеми ќе изникнат од фактот дека не сте подготвени да дејствувате тимски. Имајте ентузијазам и оставете ги другите да даваат идеи. Ако не друго, барем ќе се оттргнете малку.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Се околу вас ќе биде изненадувачки и ќе поттикнува прашања без точен одговор. Всушност, одговор има, но вие размислувате премногу идеалистички и одбивате да го прифатите реалниот одговор. Во таков случај најдобро ќе биде да го намалите темпото.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не се оптоварувајте со дополнителни обврски и внимавајте на разговорот со најблиските. Точно пред нив, можете да го испуштите јажето и да си создадете проблеми, а тие во моментов ви се апсолутно непотребни. Вашето здравје ви сигнализира дека не водите сметка што јадете.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Воздржете се од вклучување во дебати и дискусии, дури и да се чувствувате апсолутно подготвени за прашањето. Најверојатно ќе добиете сеопшто одобрување, но ќе предизвикате и активна реакција кај вашите конкуренти.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Комуникацијата не ви е најсилна страната, но денес ќе мора да ја тренирате токму оваа дисциплина. Бидете подготвени да отстапите, па дури и да не се согласувате со некои работи. Не е толку важно да го наметнете вашето мислење колку што е важно да го слушнете мислењето на вашиот противник и да изберете соодветна тактика.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе постојат авантури, но и појавата на компликации не е исклучена. Ќе имате прекрасна можност да го истакнете вашиот креативен потенцијал, но не претерувајте со експерименти. Разгледајте ги вашите финансии пред да се впуштите во шопинг.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Тензиите денес ќе растат брзо и неконтролирано. Најверојатно ќе мора да направите промени во плановите. Ако планирате некои екстремни ситуации бидете подготвени да имате и план Б, ако работите не излезат како што треба.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Дека сте храбри и активни тоа е јасно, но денес тоа нема да биде доволно. Ќе ви треба уште флексибилност и дипломатија. Без оглед какви проблеми ќе настанат бидете подготвени да ги решите со компромиси и ветување. Не се потпирајте само на себе, ќе ви биде потребна дополнителна подршка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП