27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗExalt - Новиот концепт на Peugeot

Exalt – Новиот концепт на Peugeot

peugeot-exalt

Случајно или не, на интернет се појави првата фотографија од концептот „Peugeot Exalt“ кој ќе има премиера на претстојниот саем во Пекинг. Станува збор за спортски седан со линии на купе и каросерија направена од специјален вид на текстил.

„Peugeot“ кон крајот на јануари дискретно најави нов концепт на спортски автомобил во кратко соопштение во кое се велеше дека возилото е долго 4,73 m и високо 1,31 m со конфигурација на седишта 2+2.

Неколку недели пред отворањето на саемската манифестација во главниот град на Кина, имаме можност да видиме како изгледа концептот, но дознаваме и некои нови детали за овој автомобил.

Концептот „Exalt“ има линии на купе лимузина, а со својот дизајн навестува спортски карактер. Францускиот производител вели дека каросеријата делумно е направена од посебен вид на текстил. Инспирацијата за овој материјал инженерите ја добиле од структурата на кожата на ајкула.

„Peugeot“ засега не одеше во детали, но се претпоставува дека станува збор за сличната замисла која во 2008-та година ја реализираше „BMW“ на својот концепт „GINA Light Visionary“.

За погонот на концептот „Peugeot Exalt“ е употребен „Hybrid4“ систем кој се состои од бензински и електро мотор. Комбинираната моќ на двете погонски единици изнесува 340 ks.

Повеќе детали за новиот концепт очекуваме наскоро, а ќе биде интересно да се види дали „Peugeot“ ќе одлучи еден ден да претстави и негова продукциска верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП