20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 08.04.2014

Дневен хороскоп 08.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не е се случајно. Размислете за сопствената состојба и за ресурсите со кои располагате. Побарајте помош само ако сте апсолутно убедени дека не можете да се справите сами.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте да се изненадите ако денес се чувствувате како со „врзани раце”. Идеи нема да ви недостасуваат, но што и да пробате ќе се судрите со мали проблеми. Намалете го темпото и почекајте. Ситуацијата наскоро ќе се промени.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Верувајте во себе и не ги следете туѓите совети. Дури и да не го направите тоа што го имате замислено, нема да биде фатално. Не сето тоа зависи од вас, но барем она врз кое имате контрола ќе биде онака како што си го претставувате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Прилагодете ги одлуките кон околностите и придржувајте се кон реакциите на своите соговорници. Не настојувајте на вашето мислење. Во моментов е подобро да попуштите и да го одложите спроведувањето на плановите. Нема да напреднете, но и нема да дозволите грешки.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Внимавајте на настаните и обидете се да ги разјасните деталите. Ќе имате можност за докажување или ќе добиете нова бизнис шанса. Искористете ја по секоја цена.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе ви биде тешко да се справите со денешните задачи. Како причина за тоа може да биде немањето на инспирација, некој може ќе ви попречи  или ситуацијата ќе биде несоодветна. Доколку дознаете дека околностите се несоодветни, подобро не се активирајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Бидете природни и зборувајте за тоа што го мислите. Секој обид да го прикриете своето мислење или да реагирате „фино” ќе предизвика негативни последици. Поради тоа другите или ќе го оценат вашето однесување како погрешно или ќе се обидат да ве измамат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Од една страна премногу барате од тие околу вас, а од друга страна – мислите само за сопствените приходи. Не е исклучено оваа ситуација да предизвика конфликти помеѓу вас и вашите најблиски, тешко ќе ги прифатат острите критики.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Штедете си ја енергијата не се зафаќајте со тешки проекти. Имунолошкиот систем во моментот ви е слаб. Воздржете се од несекојдневни контакти кои нема да му помогнат многу на вашиот бизнис, а можат да му наштетат на вашето здравје.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Задоволете се со мали достигнувања и не обидувајте се да го зачудите светот. Прилично сте расеани денес и најдобро ќе биде ги проверувате нештата барем два пати пред да ги сработите погрешно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Се што имате замислено во текот на денот ќе ви се оствари, но плановите за вечерва ќе ви се сменат целосно. Ако забележите дека работите излегуваат од контрола, подобро е да ги откажете обврските и да си дадете малку одмор.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Воздржете се од оргиналните предлози и не се обидувајте да протуркате несекојдневни идеи денес. Вечерва најверојатно ќе присуствувате на многу пријатна забава каде ке имате доволна можност да ја реализирате вашата индивидуалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП