28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНова енергија од Mercedes: Моделот SL 400

Нова енергија од Mercedes: Моделот SL 400

MercSL400

Гласините од минатата недела се остварија и „Mercedes“ денеска го претстави наследникот на „SL 350“, новиот „SL 400“ со 330KS и цена од 97.282 евра.

„Mercedes“ го превзема 3.0-литарскиот „V6“ твин-турбо мотор од „E 400“ и го вметна во новиот „SL 400“ во кој развива 330KS и максимален вртежен момент од 480Nm.

Според официјалните податоци, потрошувачката изнесува 7.3 литри на 100 km со емисија на CO2 oд 172 g/km.

Моторот, кој ги почитува „Euro 6“ стандардите, е поврзан со седумстепен автоматски менувач и забрзува до стотка за 5.2 секунди, додека максималната брзина изнесува 250km/h.

Како што беше објавено во информациите, овој модел на германскиот пазар ќе се продава по цена од 97.282 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП