26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо 2016-та Зидан го менува Анчелоти во Реал

Во 2016-та Зидан го менува Анчелоти во Реал

zizu anceloti

Една од легендите на францускиот фудбал и помошник на Карло Анчелоти во Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе ја преземе тренерската позиција во „кралскиот клуб“ од летото 2016-та година.

Според „France Football“, договорот на Анчелоти нема да биде обновен и тој ќе биде заменет од неговиот асистент Зидан, кој играше за „белите“ од 2001-ва до 2006-та година. Потоа од мај 2011-та до јули 2012-та година, тој ја извршуваше функцијата на спортски директор на „кралскиот клуб“.

Пред некое време француските медиуми шпекулираа дека Зидан може да стане селектор на „петлите“ на местото на Дидие Дешамп.

„Моите тимови секогаш ќе се борат за трофеи“, изјави самиот Зидан во врска со неговите тренерски амбиции, но тој досега не водел ниту еден тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП