8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗUEFA го замени Ford со Nissan

UEFA го замени Ford со Nissan

nissan champions league

„Ford“ неодамна објави дека по годинешното финале во Лигата на шампионите во Лисабон ќе го напушти спонзорството на најдоброто фудбалско клупско натпреварување во светот, а денеска е потврдено дека неговото место ќе го превземе јапонски „Nisѕan“ кој веќе подолго време се обидува да ја надмине „Toyota“ како најпродаван азиски бренд во Европа.

„Nisѕan“ договори четиригодишно партнерство со „UEFA“, а овој договор воедно претставува и најголемо спонзорство во историјата на компанијата.

„Растот на европскиот пазар е многу важен за „Nisѕan“, a „UEFA“ e совршен партнер за нашиот план да станеме најпродаван азиски бренд во Европа до 2016-та година“, рече шефот на „Nisѕan“ за Европа, Бастијан Шуп.

„Nisѕan“ официјално не објави колку пари ќе вложи во новиот проект, но се проценува дека станува збор за спонзорство од околу 50 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП