4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord вложува 500 милиони долари во развој на мотор

Ford вложува 500 милиони долари во развој на мотор

ford motori

Американската автомобилска компанија „Ford“ има во план да вложи 500 милиони долари во производство на нов мотор кој ќе биде направен во фабриката во Охајо.

Ова инвестиција е наменета за изградба на нов компактен и лесен „V6“ мотор со зафатнина од 2.7 литри, кој ќе биде вграден во пикапот „Ford F-150“.

Главната задача на новиот мотор е намалувањето на потрошувачката, затоа што во тој сегмент „Ford F-150“ заостанува зад својот најголем конкурент, возилото „Ram 1500 EcoDiesel“, кој има зафатнина од три литри.

Главната карактеристика на новиот „V6“ мотор со зафатнина од 2.7 литри, чија моќ се уште не е позната, е да биде со многу помала тежина, бидејќи главата на моторот ќе биде од алуминиум.

Моторот ќе има и „start/stop“ технологија, која би требало да помогне да заштеди гориво при градско возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП