Овен (21.03 – 20.04)
Не е исклучена можноста некој од вашите најблиски да ве разочара со своето однесување. Бидете објективни. Размислете дали човекот постапил толку лошо или едноставно вие сте очекувале друго. Не се лутете беспотребно.
Бик (21.04 – 21.05)
Создадете си концепт за работа. Колку повеќе лични работи решите, толку подобар резултат ќе добиете. Не почнувајте ништо за да му угодите на некој, слушајте ги вашите желби, ова е поволен ден за вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате две изедначени можности: Прво да завршите проект, одамна започнат, од кој ке добиете добар приход, и второ, да се вклучите во нешто сосема ново, но со непознат крај. Во секој случај, вашата финансиска состојба ќе се подобри.
Рак (22.06 – 22.07)
Куп непланирани обврски ќе ве изненадат уште од утрото. Не брзајте да дадете согласност и да ги преземете сите за вас. Анализирајте ја ситуацијата. Повеќето нешта ќе можат да се одложат или ќе се покаже дека не се ваша работа.
Лав (23.07 – 22.08)
Бидете искрени кон своите соговорници. Ако нешто не одобрувате или не ви се допаѓа кажете го тоа веднаш и директно. Ќе заштедите време и нерви за нивното надминување.
Девица (23.08 – 22.09)
Внимателно бирајте ги вашите соговорници и бидете претпазливи со луѓето. Не е пожелно да споделувате ваши лични работи но и да дискутирате за перспективни идеи. Немојте да го криете вашето мислење, но немојте ниту да парадирате со него.
Вага (23.09 – 22.10)
Не се нервирајте поради мали недоразбирања. Ќе успеете да ги средите, само ако останете мирни и реагирате мудро. Не се обидувајте да ја завршите целата работа за еден ден. Најважно е дека работите и не го губите времето на празни приказни.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендот за вас ќе биде работен. Денес е можно да се чувствувате истоштено. За среќа ќе ве израдуваат со добри вести, кои ќе делуваат стимулативно и освежувачки. Колку побрзо ја завршите старата задача толку подобра ќе биде вашата финансиска состојба.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Не се потпирајте ниту на среќа ниту на поддршка. Потпирајте се единствено само на себе. Ако сте сигурни во своите знаења, применувајте ги. Ако не сте сигурни, набљудувајте ги процесите и воздржете се од коментари.
Јарец (22.12 – 20.01)
Не се преправајте дека не ги забележувате проблемите и не се обидувајте повеќе да ги избегнувате. Одложувањето може да го дуплира негативниот ефект. Обидете се да го контролирате вашето непотребно трошење на финасиски средства за работи кои не се потребни.
Водолија (21.01 – 19.02)
Распределете ги вашите сили рамноправно и користете ги разумно. Ќе ви наметнат да завршите повеќе задачи, обидете се да ги завршите една по една, без да ги поврзувате. Помошта од другите може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне.
Риби (20.02 – 20.03)
Потрудете се да го започнете викендот мирно, без да се зафатите да извршувате повеќе работи одеднаш. Денот ќе ви биде исполнет со впечатоци. До крајот на денот можете да почувствувате исрцрпеност и главоболка.