28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви детали за новиот Audi Q5

Први детали за новиот Audi Q5

audi q5 2

Втората генерација на „SUV“ моделот „Audi Q5“ според распоредот би требало да се појави на пазарот кон крајот на 2016-та година. Како што пишува „Auto Express“, новиот „Q5“ ќе биде полесен од актуелниот модел за околу 100 kg.

Првичните информации, кои ги пренесува британскиот магазин, откриваат дека „Q5“ ќе биде поставен на „MLB“ платформата на „Volkswagen“, која во иднина ќе ја користат бројни модели на „Audi“, oд „A4“ па до „Q7“. Се очекува инженерите од „Audi“ да успеат да го олеснат „Q5“ за стотина килограми во однос на моделот кој моментално се произведува.

На купувачите ќе им бидат достапни многу технолошки иновации кои германскиот производител најпрво ќе ги примени на втората генерација на моделот „Q7“, која треба да се појави до крајот на 2014-та година.

Меѓу нив се и фаровите со „Matrix LED“ технологија, прв пат употребени во редизајнираниот „Audi A8“, кои на моделот „Q5“ ќе бидат понудени како изборна опција.

Се очекува кокпитот на новиот „Q5“ да биде дизајниран по примерот на новата генерација на „Audi TT“, со намален број на команди и копчиња и наместо класичната инструмент табла, автомобилот ќе има голем дигитален екран.

Палетата на мотори ќе биде опфатена со економичните четирицилиндарски и шестцилиндарски бензински и дизел агрегати, како и „Plug-In Hybid“ верзија.

Следната генерација на „Audi Q5“ се очекува во продажните салони пред крајот на 2016-та година, додека во 2017-та ќе се појави моделот „Q6“, кој на пазарот ќе се спротивстави на „BMW X6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП