4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS затвора 44 филијали во Британија

RBS затвора 44 филијали во Британија

rbsroyalbankofscotlandnd3h79pgf

„Royal Bank of Scotland-RBS“ најави дека ќе затвори 44 филијали во Велика Британија, од кои 14 се класифицирани како „последна банка во градот“.

Банката објави дека одлуката за затворање е донесена по падот на трансакциите во филијалите од 30 проценти во последните четири години.

Клиентите, како што се наведува, и понаката ќе имаат пристап до услугите на банката преку поштите или банкоматите, како и фактот дека најблиските филијали ќе бидат одалечени од нив на само неколку километри.

Затворањето на филијалите следи само два месеци откако „RBS“ објави дека планира да ги намали трошоците за повеќе од 5 милијарди фунти во наредните четири години, бидејќи годишните резултати покажаа загуба од 8,2 милијарди фунти во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП