26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazdа нема да учествува во развојот на новата Alfa Romeo Spider

Mazdа нема да учествува во развојот на новата Alfa Romeo Spider

spider alfa123

Неодамна се појави информацијата дека под знак прашање е соработката меѓу „Mazdа“ и „FIAT“ во развојот на моделите „MX-5“ и „Alfa Romeo Spider“. Сепак, љубителите на спортскиот кабриолет на „Alfа“ нема да бидат лишени за овој автомобил, како што пишува „Auto Bild“, „Alfa Romeo“ најверојатно ќе продолжи самостално да работи на тој модел.

„Mazda“ и „FIAT“ најавија уште во 2012-та година соработка на производството на двата сродни спортски модели со отворен покрив, кои ќе се произведуваат под амблемите на двете марки.

Првично беше планирано двата модели да се изработуваат во Јапонија, а секој од производителите да вгради сопствена погонска единица.

Договорот меѓу двата производители е доведен под знак прашање некаде на почетокот на март благодарејќи на инсистирањето на извршниот директор на „FIAT“, Серџо Маркионе, сите идни модели на „Alfа“ да се изработуваат исклучиво во Италија. Поради тоа „Alfa Romeo“ би можела да го произведува новиот „Spider“ само во рамките на „FIAT“ групацијата.

Автомобилот во тој случај би бил поставен на новата универзална платформа на „Alfа“ со заден погон, која во иднина ќе ја користат и другите модели на овој производител.

Без оглед на тоа каква ќе биде конечната одлука на раководството на „FIAT“ во поглед на развојот на кабриолетот на „Alfа“, засега е планирано „Spider“ да пристигне во продажните салони до 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП