28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБритански конкурент преговара да го купи синџирот Mr.Bricolage

Британски конкурент преговара да го купи синџирот Mr.Bricolage

mr-bricolage-22

Британската компанија „Kingfisher“, која е водечка во секторот за продавници „Направи сам“, започнала ексклузивни преговори со главните инвеститори во нејзиниот ривал – француската „Mr Bricolage“ со цел купување на нивните удели, соопшти „Ројтерс“.

Британците објавија официјално дека понудиле да купат 41.9 % од акционерскиот капитал на францускиот синџир од „ANPF“  и 26.2 % од фамилијата Табор со цена од 15 евра за акција.

Потоа „Kingfisher“ ќе упати берзански предлог на истата цена за стекнување на акциите и на малцинските акционери.

Со оваа цена целата зделка се проценува на околу 275 милиони евра, вклучувајќи ги и долгови на француската компанија.

„Mr Bricolage“ е основана во 1964-та година како мрежа од железарски продавници во Франција, кои почнуваат да соработуваат. Кооперативен „ANPF“ се појавува четири години подоцна. Брендирањето во „Mr. Bricolage“ е од 1980-та година, а 10 години подоцна синџирот излегува во странство со својата прва продавница во Португалија. Во 1995 година се менува и името – од „ANPF“ станува „Mr. Bricolage S.A.“. Во 2000-та година компанијата излегува на берзата во Париз и преминува во градежен хипермаркет.

Денес „Mr. Bricolage“ располага со 81 сопствени и 435 продавница под франшиза во Франција, 69 продавници во други 10 земји и мрежа од независни, но поврзани со главната, синџир на продавници во Франција.

„Kingfisher“во Велика Британија ги поседува брендовите „B&Q“ и „Screwfix“ и работи во Франција во синџирите „Castorama“ и „Brico Depot“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП