20 април, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.04.2014

Дневен хороскоп 03.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Без разлика на тоа што се случува, смирете се. Нешто што ви изгледа многу чудно или непријатно во моментов, сосема наскоро ќе ви изгледа дури комично. Поради тоа не се замарајте со глупости, нема потреба за тоа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Намалете го темпото. Размислете што е итно а што не е, и дали имате потреба од прекувремена рекреација. Одвојте време за љубов. Треба да разјасните некои ситуации кои колку повеќе ги одложувате, толку потешки ќе стануваат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Настаните ќе се одвиваат во ваша корист. Денес ќе си одговорите на важни прашања поврзани со финансиите, од типот на: зошто? и на кој начин? Ќе имате можност да си ги разјасните проблемите не само адекватно, туку и брзо.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Успешен ден, но тежок. Ќе треба да работите неколку различни работи истовремено и веројатно ќе се изморите. Обидете се вечерта да си легнете порано, бидејќи само така ќе ја надополните силата за наредниот ден.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Правете работи само ако сте апсолутно подготвени за нив на теоретски план. Не преземајте важни одлуки без најнови и точни информации. На работа слабо ви оди, обидете се да ја освежите вашата енергија и поефикасно да работите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Останете неутрални во сите конфликтни ситуации, најмногу во домот. Не се доживувајте како ментори на вашите блиски. Кога нешто ќе се згреши, ќе бидете вие криви бидејќи вие сте ја дале насоката за извршување на нешто. Кажете го своето мислење но не наредувајте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Премногу сте чувствителни, но тоа и толку не е потребно. Вашите блиски се немаат навикнато да ве гледаат вас во таа светлина, па поради тоа само ќе бидат зачудени. Тие вистински ќе бидат растревожени од вашето однесувањето. Размислете дали е тоа потребно.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Одите до крајности. Или сте премногу строги, или сте премногу компромисни. Не е добро, особено ако се случува со децата. Што се однесува до постарите роднини, трудете се да бидете праведни, тоа е најуспешната тактика во нивниот случај.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако имате што да кажете, направете го тоа пред што е можно поголема публика. Споделете го вашето мислење или вашите идеи. Тоа можеби нема да ви осигура напредок, но ќе ви осигура заштита.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нагли постапки, нагли реторики и воопшто сите непромислени реакции ќе ви создадат многу непријатности. Денес на прво место ставете го одлучувањето а дури потоа дејствувањето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бидете подготвени на финансиски непријатности. Потпрете се на луѓето со кои сте секој ден. Можеби нема да можат да ви помогнат со средства но можат да ви дадат добри идеи како да ја надминете оваа криза.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Покажете трпение кон луѓето кои ги сакате и благонаклонетост кон непознатите. Многу е веројано блиските луѓе неумешно да ви помогнат, односно да ви одмогнат,  додека непознатите можат да ве извадат од многу незгодна ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП