29 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.04.2014

Дневен хороскоп 02.04.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Распределете си го времето и не се расејувајте премногу во утринските часови. Синхронизирајте го вашето време со сообракајот бидејки денес не смеете да си дозволите да задоцните на важниот деловен состанок. Можно е прекинување на некое старо пријателство, што многу ќе ве натажи.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Премногу сте чувствителни. Воздржете се од искажување на љубомора. Тоа може да ви предизвика сериозни несогласувања со вашата сакана личност. Работата ви стагнира, чекајте поповолен период, не ги искажувајте гласно вашите мислења, некои луѓе немаат капацитет да ги сфатат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не се чудете ако се почувствувате сами и неразбрани. Вие сте премногу активни и премногу гледате на далеку, а тоа ви создава дисхармонија околу начинот на кој луѓето функционираат околу вас. Намалете со темпото, нема да зажалите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес не е лош ден за да се справите со тешките проблеми од работата. Ако не се чувствувате добро посвете му внимание на здравјето, работата сепак може да почека. Денес ќе почувствувате и благ пад на вашата енергија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денес е можно да преживеете некои разочарување. Наместо да се нервирате, обидете се да ја поврзете последицата со причината за оваа ситуација. Доколку реално размислите, самите сте виновни за некои случувања кои ви создаваат проблеми.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Не претерувајте со се, а највеќе со храната и емоциите. Воздржете се од прејадување и не се внесувајте премногу во емотивните проблеми на тие околу вас. Некои разговори нема да ви се допаднат, не ги анализирајте, продолжете по својот пат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во утринските часови ќе чувствувате внатрешна нестабилност и недоверба во вашите квалитети. Затоа подобро е бавно и спокојно да ги осмислите вашите идни планови за денот, но тоа сторете го на половина од работното време и дури потоа преземете било какви акции.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Занимавајте се со вашите службени обврски бидејќи денес во тоа ќе ви помогнат вашата енергија и стабилност. Не ја исклучувајте можноста некои од вашите проблеми да ви попречат на патот, зобиколете ги ако сеуште не сте нашле решение за нив.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Финансиската состојба ви е нестабилна. Ако сте во конфликт со вашиот интимен партнер не се обидувајте да го решите со подароци. Ниту ќе го решите конфликтот ниту ќе ја подобрите вашата финансиска состојба.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не бидете преголеми ентузијасти во врска со новите познанства. Не е пожелно да споделувате детали од вашиот личен живот, ниту пак вашите идни планови. Бидете претпазливи.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Лесно ќе најдете заеднички јазик со луѓето, дури и со оние кои во принцип не ви се пријатни. Ако бидете трпеливи, ќе можете да ги споделите вашите идеи и да создадете нови сојузници. Ви претстои поволен период за работа.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Опремете се со оптимизам. Ќе изникне погоден случај за да решите некои конфликти од секојденвието и ќе имате потреба од тој оптимизам. Проверете ја вашта електронска пошта, најверојатно ќе добиете важна порака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП