6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПолскиот суперавтомобил Hussarya подготвен за производство

Полскиот суперавтомобил Hussarya подготвен за производство

hussarya

По неколку прототипови, полската компанија „Arrinera Automotive“ конечно ги претстави плановите за продукциската верзија на моделот „Hussarya“.

Суперавтомобилот кој во раната фаза на развој поради сличностите со моделите на познатата италијанска марка го доби надимакот „полски Ламбо“, но во својата конечна верзија не наликува толку на „Lamborghini“.

Кога се во прашање супер-спортските автомобили на непознатите производители, секогаш се наметнува визуелната споредба со моделите на познатите и етаблирани марки.

hussarya1

Сепак, дизајнерот Павло Буркатски, кој соработуваше со тимот на инженери, успеа да креира возило со хармонични линии и автентичен изглед.

„Hussarya“ ќе добие погон од 6.2-литарскиот V8 мотор на „General Motors“ со 660 ks (485 kW) и 818 Nm максимален вртежен момент. Снагата ќе се пренесува на задните тркала со помош на автоматизиран мануелен менувач со команди за промена на степените за пренос на воланот.

Според прелиминарните податоци „Hussarya“ oд 0 дo 96 km/h (0-60 милији на час) ќе забрзува за 3,2 секунди и ќе достигнува максимални 340 km/h.

hussarya2

Шасијата е изработена од челик со голема цврстина, а каросеријата е од композитни материјали, додека како опција може да се одберат кевлар и карбонски влакна. Производителот вели дека масата на автомобилот би требало да изнесува околу 1.315 kg.

Покрај стандардниот модел, компанијата има во план и верзија која ќе биде наменета за тркачката патека.

hussarya3

Од „Arrinera Automotive“ засега не соопштија колку „Hussarya“ ќе чини кога ќе се најде во продажба, а претходните проценки говореа дека почетната цена ќе изнесува околу 115.000 eвра.

Производството се очекува да започне во наредните месеци, а планирано е годишното производство да изнесува 100 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП