1 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 31.03.2014

Дневен хороскоп 31.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес преку работата ќе дојдете до некои важни сознанија кои нема да се однесуват само на работата која моментално ја работите. Она што не ќе можете да го решите оставете го отворено, не ја трошете непотребно енергијата. Обрнете внимание на парите, претерано трошите, а не заработувате доволно.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката со колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од оклината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед не се запоставувајте себе си.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија во деловноста. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не се доверувајте на никого, околината не ви е наклонета и секоја невнимателност може да биде употребена против вас. Ве очекуваат и некои изненадувања така што после тоа вашите меѓучовечки односи нема да бидат хармонични. Емоционалните односи исто така можат да ви донесат многу незадоволство.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи, вашиот став не треба да биде премногу борбен.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми на работното место. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе бидете доста нетрпеливи, а тоа е главна причина за кавги и расправии со претпоставените или колегите на работното место. Можно е неочекувано да тргнете на некој службен пат. Во љубовта задоволни сте со себе, но не и со својот партнер. Никаде нема да се чуствувате како дома. Финансиската ситуација ви е загрижувачка.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денеска да уживате во семејната среќа. Занимавајте се со уметност бидејќи токму во тоа поле се случуваат работи за кои вие денеска сте подготвени.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Оние Стрелци кои се занимаваат со администрација ќе наидат на проблеми во средувањето на документи. Во сериозните врски ќе успеете да ги расчистите недоразбирањата кои ве измачуваа последните денови. Вашата врска е јасна, цврста и сигурна како и секоја друга врска која се базира на искреноста.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Доколку ви биде потребна подршка од страна воопшто нека не ве изненади нејзиниот недостаток. Ќе морате некои работи сами да ги завршите, да се ангажирате повеќе отколку што сте планирале што може кон крајот на денот да резултира со нервна напнатост. Целата ситуација е доста ризична, но доколку ризикувате можеби и нешто ќе добиете во спротивно-ништо.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не си дозволувајте да се спуштите на некое ниво кое воопшто не и прилега на вашата природа. Вашето живеење станува се подобро но внимавајте да останете на тоа ниво. Финансиската состојба особено ќе ве израдува. Зголемувањето на ритамот може да биде штетно на вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП