Овен (21.03 – 20.04)
Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе бидете едноставно неодоливи. Ќе плените со остроумност и подготвеност за преземање на смели потези. Нема да дозволите други да ве ограничуваат и бестрашно ќе го покажувате вашиот немирен дух. Изразете се без воздржување, ова е ваш ден, ова е ден за незаборавни моменти.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Положбата на месечината во Бик ја зајакнува вашата интуиција и ве прави силен да се впуштите во нов проект, но само ако имате поддржка од Јарец,Бик,Рак и Девица.Имате голема потреба од сигурност.Некој друг Близнак може да ви најде излез од моменталната ситуација која ви се чини дека прилично напорна, како за вашиот нервен систем, така и за здравјето.Треба да се посветите повеќе на вас и реализација на вашите желби.Не се нервирајте без потребно.
Рак (22.06 – 22.07)
Денешниот ден ви носи некои нови средби и контакти со оние кои отсекогаш ве поддржувале.Не сакате да правите компромис со оние кои не ви одговараат по многу работи, особено по нивните размислувања, во начинот на распределба на добивката во заедничката работа.Не сакате да им се приближите на оние кои се задолжени да ве критикуваат без причина.Сепак, према многумина сте и повеќе од фер.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе добиете покана да се сретнете со некој кој што некогаш ви ветил нешто.Можно е да се работи за особа која е по ранг над вас и која е спремна да ви помогне, особено ако се работи за вашиот професионален план или во некоја заедничка работа во која сте спремни да вложите пари и енергија.Немојте да се истакнувате на работа за вашите досегашни заслуги бидејки тоа може да биде контрапродуктивно.
Девица (23.08 – 22.09)
Верувате во нечија добронамерност дури и ако до сега не се покажал, барем не према многумина.Вие сте уверени дека со вашето однесување можете да позитивно да влијаете со лицето кое треба да разговарате, особено за некој која сака да се покаже на работа.Креативните идеи кои ги имате можат да бидат прифатени од вашите колеги ако не отстапувате многу од досегашниот стил на работа.
Вага (23.09 – 22.10)
Овие денови ќе бидете во ситуација да повлекувате правилни потези и да донесувате успешни заклучоци. Занимавајте се со работа поврзана за договори, учење и се што има врска со јавноста. Успехот е очигледен. Ви претстои можност за одлична соработка со некој Рак, внимавајте тој е премногу чувствителен, попуштете му во некои размислувања.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Очекувате повик од некој кој живее во странство и веројатно ќе ви се јави, можно е да станува збор за некој Рак, Стрелец или Риба. Имате впечаток дека некој има нешто против вас и дека е подготвен да ви направи некоја сплетка на работа. Некој Бик, Рак или Јарец се обидуваат да ви дадат корисен совет, но тоа до вас не допира. Имате на кого да се потпрете, особено ако сте подготвени да разговарате за некоја нова работа со некоја Шкорпија. Можна е вест за добивка.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Во одлична форма сте. Планетите ве штитат на тој начин што ви испраќаат позитивна енергија и позитивни случувања. Внимавајте да не се активирате и да ја пропуштите добрата шанса. На работата не можете да се пожалите. Имате премногу обврски и тоа во време кога не е сезона за тоа. Но, ќе заработите добра сума и ќе почнете нови проекти.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе се разбудите полни со ентузијазам и мотивираност. Денес нема да има граници за вас – ќе постигнете се што ќе наумите. На работа сите ќе посакаат да го земат вашиот пример, обидете се да останете такви до крајот на работното време. Некој Бик е отворен за деловна соработка со вас, внимавајте тој ја сака сигурноста, не сака детски работи.
Водолија (21.01 – 19.02)
Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате и повеќе од фантастично, потрудете се оваа состојба да потрае подолго. Не оптеретувајте се со глупости и не планирајте однапред ништо. Слушајте ги соработниците, тие ќе ви помогнат онаму каде што ќе заглавите.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе биде неопходно да направите компромис за да избегнете непосакуван конфликт. Бидете трпеливи за да го завршите денот со насмевка. Можна е некоја кавга со некој Бик но воздржете се од таквата ситуација, еднаш и вие мора да попуштите. Овој период ќе бидете нетрпеливи да купите се што ќе видите.