14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови договори за Роџерс и петмина фудбалери

Нови договори за Роџерс и петмина фудбалери

liverpul igraciite

Следната недела во Ливерпул ќе започне сериозна акција за обновување на договорите на основни фигури во тимот. Раководството на клубот ќе им понуди нови договори на менаџерот Брендон Роџерс и на пет од ѕвездите.

Станува збор Даниел Стариџ, Џо Фланаган, Џордан Хендерсон, Филипе Кутињо и Глен Џонсон, но засега не се споменуваат условите кои ќе им бидат понудени.

Не на сите договорите им се пред истекување, но од Ливерпул сакаат да ги наградат водечките фудбалери со подобрени услови, поради нивните годинешни настапи.

Првиот со кого ќе се преговара е Даниел Стариџ. Напаѓачот дојде на „Енфилд“ пред малку повеќе од една година за 12 милиони фунти од Челзи и веќе е втор стрелец на тимот, зад Луис Суарез.

Англискиот репрезентативец постигна 34 гола во 43 натпревари за „црвените“, а оваа сезона има 23 погодоци во 27 средби во сите натпреварувања.

Менаџерот Брендон Роџерс е врзан до 30-ти јуни 2015-та година, но поради доброто претставување на чело на тимот ќе добие подобрена понуда.

Шефовите на Ливерпул очигледно се многу задоволни од тимот, бидејќи ја прекршуваат практиката да водат преговори за нови договори со играчите и менаџерот, пред крајот на сезоната.

Досега единствениот исклучок беше најголемата ѕвезда, Луис Суарез, кој потпиша во декември минатата година за нови четири ипол години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП