27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAvtovaz во загуба од 222 милиони долари

Avtovaz во загуба од 222 милиони долари

avtovaz lada

Најголемиот руски производител на автомобили „Avtovaz“ соопшти денеска дека забележа загуба од 7,9 милијарди рубљи (222 милиони долари), додека минатата година работеле со добивка.

Во 2012-та нето профитот на производителот на „Lada“ бил 29,2 милијарди рубљи, додека приходот на компанијата во 2013-та е намален за седум проценти или на 177 милијарди рубљи.

Влошувањето на резултатите од работењето се должи првенствено на намалената продажба на рускиот пазар, се наведува во соопштението на компанијата.

„Основна цел на компанијата за оваа година е да оствари профит. Поради тоа „Avtovaz“ ќе се насочи на зголемување на продуктивноста во работата, подобрување на квалитетите на производите, пласман на нови модели и намалување на трошоците“, истакнува претседателот на компанијата, Бу Андерсон.

Како што претходно беше објавено, „Avtovaz“ прогнозира оваа година да ја сочува продажбата на „Lada“ од минатогодишното ниво од 460.000 возила.

Лани на рускиот пазар биле продадени 456.300 автомобили, а вкупната продажба била 534.900 примероци.

Компанијата планира оваа година да произведе 484.000 единици, што е за 10,5 проценти повеќе од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП