15 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.03.2014

Дневен хороскоп 28.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Бидеjќи молчите и трпите околината за вас мисли дека вие воопшто немате никакви проблеми. Никој не може да го разбере вашето достоинствено држење во кризните ситуации. Моментално е многу чувствителна вашата финансиска состојба. Каде и да се завртите сите бараат пари, а работните проекти доцнат. Па затоа за денеска се советува само трпение.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува некој проблем на работното место. Обидете се што можете побезболно да го решите, бидејќи во спротивно ќе стане уште полошо. Ќе вложувате голем напор за да ја унапредите работата внимавајте тоа на некои колеги не им се допаѓа, па можно е да ви наштетат.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денеска можете да очекувате подобрување на финансиската ситуација, што ќе ви претставува големо олеснување на маките кои и без тоа доволно ги имате. Размислете паметно за вишокот на пари и вложете ги во исплатливи работи. Постои можност од некој вознемирувачки настан во вашето семејство, но секако нема да биде многу страшно. Бидете поладнокрвни и обидете се потрезвено да ги решите проблемите.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе имате многу бурен и напорен работен ден. Многу сте самоуверени и ќе бидете подготвени за клучни одлуки. Можно е да се најдете во центарот на некоја сложена ситуација на работното место, во која вие ќе треба да ја дадете насоката за понатамошно работење, одиграјте паметно.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Функционирате во состојба на многу силна емотивна напнатост. Ќе бидете чуствителни на болести или неповолни настани. Бидејќи се работи за нормални појави, сватете ги како составен дел од животот и не драматизирајте. Поради некоја причина ќе морате да ги намалите потрошувачките апетити и да почнете да штедите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Немојте да се чудите ако луѓето кои сте ги запознале во последно време почнат да ви покажуваат знаци на љубов и пријателство. Самите сте виновни што сте добро друштво и не би требало да се изненадите ако некој од вашите нови познаници почнат и да ви се додворуваат. И едно на што најмногу треба да внимавате е тоа што не треба да се вообразите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашето однесување ќе делува врз расположението на најблиските. Некои од вас ќе ја обноват, а други ќе ја раскинат моменталната деловна соработка. Можно е да има и некоја промена во вашиот поглед кон бракот и пријателството. Би можеле да посакате нешто забрането. Љубовниот партнер ќе ве поттикне на акција. Во секој случај ве очекува среќа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Пред вас се многу поволни работни активности ова особено се однесува за оние припадници на овој знак кои се занимаваат со пишување и креативни работи. Во љубовта чудно се однесувате бидејќи живеете во некој свет на фантазии и идеали. Кога ќе видите дека личноста покрај вас е со повеќе мани отколку што сте претпоставувале малку ќе бидете разочарани.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе зависите од помошта и реакциите на околината и ќе предизвикате внимание кај другите, но со мала несигурност. Соберете се, внимавајте и имајте доверба во себе. Во љубовта среќен ден исполнет со меѓусебно разбирање со партнерот, кое позитивно ќе ве исполни и ќе ве направи да се чуствувате пресреќно.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Симпатиите на околината се на ваша страна што во моментот за вас е многу важно. Ве очекуваат предизвици во врска со вашата професија. Финансиската ситуација нема да ве вознемирува дури можни се и некои неочекувани добивки преку партнерот како и некој ситен подарок кој многу ќе ве израдува.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денов ќе го посветите на правење планови во врска со работата. Разговорите со соработниците можат да ви помогнат да научите нешто ново што би можеле да го искористите за напредување во кариерата. Покрај тоа, денов е погоден и за откривање на идеите кои ги имате толку многу што би било добро да се ослободите бареме од еден дел од нив.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете многу трпеливи истрајни. Свесни сте дека до целта можете да дојдете само полека, но сигурно. Се што сте замислиле бара од вас штедење. Тоа нема да ви биде тешко со обзир на тоа дека ги сакате парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП