28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИH&M вложи во интернет продажба и им се исплатеше

H&M вложи во интернет продажба и им се исплатеше

hm0110

Шведскиот ланец на продавници на модната куќа за облека „Hennes & Mauritz“ (H&M), денеска објави дека добивката во првиот финансиски квартал се зголемила за осум проценти, препишувајќи го благиот раст на технолошкото вложување во интернет продажбата.

Во периодот од почетокот на декември до крајот на февруари, нето добивката изнесувала 2.65 милијарди шведски круни. Бруто добивката изнесувала 17,64 милијарди круни и е зголемена за 13 проценти, што одговора на бруто маржа од 54,9 проценти. Во истиот период од минатата година, бруто маржата изнесувала 55.2 проценти.

Приходите во првиот квартал се зголемени за 13 проценти или на 32.1 милијарди круни. Истиот процентен раст е забележан и во ставката на трошоци, а зголемен е со вложувањето во интернет продажбата. Така „H&M“ на 13-ти март започна со интернет продажба во Франција, а истото планира да го стори во текот на годината и во Шпанија, Италија и Кина.

Компанијата исто така отворила 60 нови продавници ширум светот и сега вкупно има нешто помалку од 3.200.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП