24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBertone пред банкрот, се бара купувач

Bertone пред банкрот, се бара купувач

bertone-nuccio

По неколкумесечна финансиска криза, познатата италијанска компанија „Bertone“, која се занимава со дизајнирање и изработка на автомобили, соопшти дека се наоѓа пред банкрот.

Гласините за можен колапс на компанијата, кои неодамна се појавија во медиумите, сега добија и официјална потврда од портпаролот на „Bertone“.

Тој за британски „Telegraf“ рече дека компанијата влегла во судска процедура која, во случај да не се пронајде купувач, на крајот ќе заврши со банкрот. Според неговите зборови, „Bertone“ e во големи долгови, сметките им се блокирани, а вработените не доаѓаат на работа скоро два месеци.

Во случај до крајот на април да не се појави некој кој би ја превземал сопственоста над компанијата и сите нејзини долгови, би можело да се случи „Bertone“, која изработи многу ремек дела како што се „Lamborghini Miura“, „Ferrari Dino 308 GT4“ или „Lancia Stratos“, по повеќе од еден век работење да престане да постои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП