15 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 27.03.2014

Дневен хороскоп 27.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ако некои работи подолго време сте ги чувале само за себе, денес е време да ги откриете пред другите. Имате голема шанса овој работен ден да ви биде многу успешен. По работното време, излезете забавувајте се не мислете на вашите проблеми, едноставно уживајте во убавините на животот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Почнете да ги извршувате започнатите работи. Концентрирајте се на проблемот кој веќе подолго време го одбегнувате. Ќе успеете да решите само дел од натрупаните проблеми кои ви причинуваат емотивни штети проследени со променливо однесување. Ќе мора похрабро да ги прифатите поразите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не располагате со енергијата која ви е потребна за совладување на работните задачи. Можеби некој од вашето семејство врши голем притисок врз вас и ви ја одзема енергијата која треба да ја насочите на работното поле. Оставете ги неважните работи и целосно насочте се кон тоа што се случува на деловен план.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Постои опасност од тоа што можеби премногу ќе се опуштите денеска па заради таквата состојба можете да пропуштите многу поволни прилики. На емотивен план за оние во брак ќе имаат доста хармоничен ден, а на слободните ќе им се насмевне среќата.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите комуникации се одлични, но истовремено ќе се појават некои проблеми кои највероватно ќе бидат поврзани со некој подолготраен проблем во вашиот живот. Тие проблеми ќе бидат се понагласени, а паралелно со тоа ситуацијата во деловните односи ќе се влошува.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Кај вас ќе се појави желба за наметнување во нешто за што не сте доволно способни. Морате да бидете објективни кон себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Престанете да мечтаете за нешто што не можете да си го дозволите, работете напорно и заработувајте за да си ги овозможите нештата кои можете да си ги дозволите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Одредете приоритети и придржувајте се строго кон нив. Љубовниот партнер ќе покаже иницијатива во важните прашања, а вие не бидете тврдоглави и прифатете. Оставете ја малку работата настрана, погрижете се за приватниот живот кој ви стагнира.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете напнати и немирни, нервозни деструктивни и мислите дека во секој момент ќе направите нешто што е најмалку добро. Денеска не носете никакви важни одлуки, бидејќи можете да погрешите. Избегнувајте комуникација со околината и посветете му повеќе време на партнерот и обидете се да ги разјасните меѓусебните недоразбирања.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Подршката од партнерот и од другите луѓе сега ви е најпотребна. А вие многу лесно можете да ја добиете со посмирено однесување. Морате повеќе да мислите на личностите кои се во вашиот живот, но и на својата репутација.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе можете да си дозволите поголема пауза од вообичаената бидејќи се што сте имале за денес вие сте го сработиле вчера, па слободно време ќе имате доволно. Обидете се да се ослободите од нервни напади кога ќе ги видите цените на работите кои сте сакале да ги купите. За да можете да ја решите депресијата купете само некои ситни работи кои се со пониски цени.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе ве зафати мрзеливост, а од вас ќе се бара повеќе активност и работа, бидејќи промените со кои ќе се соочите се доста сериозни. Нејасните односи со соработиците ќе морате најбрзо што можете да ги средите, бидејќи морате заедно да работите. Родените во третата декада ќе имаат можност за нова работа. Посветете се на вашите најблиски, и тие го заслужуваат вашето внимание.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе бидете импулсивни и нагло ќе настапувате. Избегнувајте конфротации со личности што нешто ви значат. Обидете се да бидете посмирени и подобро да размислувате пред да направите нешто за што подоцна ќе се каете. Постои можност од парична загуба затоа ќе морате да бидете внимателни што правите и каде ги вложувате. Во семејството ве очекува пријатна домашна атмосфера каде целосно ќе се опуштите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП