2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПорше го претстави Боксер ГТС (фото)

Порше го претстави Боксер ГТС (фото)

lopol

Порше објави нови промотивни фотографии од новиот врвен модел Боксер ГТС.

Максимално фокусиран кон возачот, Боксер ГТС надворешно е препознатлив по затемнетите куќишта на двојните ксенон светла, редизајнираните браници и 20-инчни алуминиумски тркала.

porsche-boxster

Спортските седишта во внатрешноста се преслечени во комбинација на кожа и алкантара, а заедно со Порше Актив Суспеншн Менаџмент системот доаѓа и Порше „Спорт Хроно“ пакет.

Централно поставениот 3,4 литарски 6-цилиндерски мотор располага со 330 коњски сили.

pors box

Моќта се пренесува преку 6-степен рачен менувач, што овозможува Боксер ГТС од 0 до 100 километри на час да забрзува за 5 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 281 километар на час.

Достапен е и автоматски ПДК менувач со две спојки што Боксер ГТС во Спорт Плус мод го придвижува од 0 до 100 километри на час за 4,7 секунди. Максималната брзина со ПДК автоматски менувач инзесува „само“ 279 километри на час.

porsche_boxster_gts

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП