
Платите на фудбалерите на Милан речиси сигурно ќе бидат намалени за 20 проценти во новата сезона.


Платите на фудбалерите на Милан речиси сигурно ќе бидат намалени за 20 проценти во новата сезона.
Овој чекор е последица од неубедливите настапи на „росонерите“ во оваа сезона, затоа што тие го заземаат 12-то место на табелата и се на цели 22 поени од посакуваното трето место во Серија А кое дава право на учество во калификациите за Лигата на шампионите.
„И со 80 проценти од платите фудбалерите можат да живеат достоинствено, ве уверувам во тоа. Намалувањето е фиксно во договорите на фудбалерите. Платата е формирана од 80 проценти и плус наградата од 20 проценти, кои зависат од учеството во Лигата на шампионите. За Лига Европа не се предвидуваат пари. Прашањето е решено и нема да има никакви дискусии на оваа тема“, изјави потпретседателот на Милан, Адријано Галијани.