28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda го намалува производството во Англија

Honda го намалува производството во Англија

honda swindon

Јапонскиот производител на автомобили планира да укине 340 работни места во фабриката во Англија. Причината за ваквиот чекор е слабата побарувачка за автомобили во Европа.

Компанијата ќе го намали производството во фабриката во Свиндон, која наместо досегашните три, вработените ќе работат во две смени, а тоа значи дека бројот на работници ќе биде намален за 10 проценти. Поголемиот дел од автомобилите произведени во оваа фабрика се извезуваат, но продажбата во другите европски земји и натаму не е толку силна како во Британија, истакнуваат од „Honda“.

Фабриката, која по отказите ќе има околу 3.000 луѓе, ги произведува моделите „Civic“, „Civic Tourer“, „CR-V“ и „Jazz“ зa европскиот пазар.

„Во изминативе 12 месеци не бележевме раст каков што очекувавме. Со слабата прогноза за наредните неколку години, мораме да го намалиме обемот на производство“, вели потпретседателот на „Hondа“ зa Eвропа, Иан Хауелс.

„Honda“ во Свиндон произведува автомобили од 1992-ра година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП