3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes на „слатки маки“ поради CLA

Mercedes на „слатки маки“ поради CLA

cla mercedess3

Поради големата побарувачка на купувачите за компактната лимузина „CLA“, „Mercedes“ во мај ќе воведе трета смена во својата фабрика во Кечкемент, по што овој погон ќе го достигне својот максимален производен капацитет.

На тој начин, фабриката на „Mercedes“ во Унгарија ќе и се придружи на фабриката во германскиот град Раштат која започна да работи и трета смета од октомври 2012-та.

Во овие две фабрики се произведуваат модели од новата генерација на компактните автомобили на компанијата со преден погон. Во фабриката во Унгарија, во која работат околу 3.400 работници, покрај „Mercedes CLA“ се изработува уште и „B Сlasѕ“, а од производните ленти во Раштат, покрај „B Сlasѕ“, пристигнуваат уште и примероци на „A Сlasѕ“ и кросоверот „GLA“.

Поради зголемениот интерес на купувачите во текот на 2013-та година, вработените на двете фабрики често пати работеа и во сабота.

По одличната 2013-та година, продажбата на новата генерација на компактни автомобили на „Mercedes“ со преден погон продолжува да расте и во првите месеци од 2014-та година. Во февруари на купувачите ширум светот им беа испорачани 28.211 примероци од класите „A“ и „B“, како и моделот „CLA“, што претставува раст од 27,4 проценти во однос на истиот месец од 2013-та година.

Во првите два месеци од 2014-та година, продадени се 55.409 „Mercedes“ возила базирани на платформата за погон на предните тркала или 29.7 проценти повеќе од истиот период од минатата година.

Во „Mercedes“ oчекуваат и натамошен раст во продажбата на автомобили од гамата на компактни модели, благодарејќи на лансирањето на пазарот на кросоверот „GLA“ во Европа.

Германскиот производител продаде вкупно 371.399 примероци на компактни возила во 2013-та година, што претставува раст од дури 64 проценти во споредба со 2012-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП