5 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 24.03.2014

Дневен хороскоп 24.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не ќе можете да направите се што сте планирале за денешниот ден. Работите ви се натрупале, а вашето трпение е на минимум. Ви треба повеќе концентрација и ангажирање. Побарајте помош од вашите колеги. Во семејството ситуацијата е доста напната, некој член навистина ви прави големи проблеми. Бидете потолерантни и не влегувајте во бурни распрвии.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во однос на работата денешниот ден ви носи успех поголем од очекуваниот, иако сте почнале да го губите трпението. Комуникативни сте, но помалку немирни и нервозни. Преиспитајте се добро. Започнете со физички активности, вашето здравје има потреба од тоа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ве очекуваат несогласувања во односите со вашиот партнер. Ќе забележите дека недостасува малку топлина и внимание од негова страна. Воздржете се од било какви директни реакции и обидете се, да ја одржите рамнотежата. Исклучително поволните прилики на работното место, ќе придонесат да ги насочите мислите кон некаков бизнис со поголем профит.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се чуствувате омалаксано, исцрпено и лошо. Само со одмор и правилна исхрана оваа состојба можете да ја сведете во нормала. Емотивните недоразбирања се последица на претераните очекувања и идеализирање на партнерот. На професионален план ве очекуваат успеси и награди.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби ќе имате некој проблеми и тоа во вид на некоја повреда, операција, средби со лица во униформи кај припадниците на знакот кои се во некој приватен бизнис, но можни се и некои непланирани финансиски загуби. Доколку денеска ништо не се случи, бидете мирни бидејќи планетарните аспекти ќе престанат да делуваат. Доза на внимание нема да ви штети.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во работата ќе бидете доста успешни, од рака ќе ви одат краткотрајни работи. Финансиската состојба ви е одлична, можеби ќе добиете неочекувана добивка, која многу ќе ве израдува. Сентименталните односи ви се одлични, продолжете така.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Имате високо ниво на концентрација и внатрешна енергија. Ќе можете многу лесно да учите и ќе достигнете голем успех на работа. Ако сте некому шеф, внимавајте како се однесувате со вашите вработени, во последно време се разочарани од вас. Ќе се најдете во едно пријатно друштво каде многу ќе се забавувате. Здраствената состојба ви е одлична.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот ќе го поминете во работна атмосфера. Доколку наидете на некои работни потешкотии не удирајте со главата во ѕид. Здивнете за момент и ладнокрвно проанализирајте ја целосно ситуацијата. Во спротивно можете да згрешите, а наградата која ви е на дофат може да ви избега. Ќе уживате во друштвото на вашите пријатели.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најобар ред.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Секако дека имате многу работи и обврски, но и пријателството е нешто за што треба да одвоите време. Повикајте пријатели ако не за нешто друго барем да им покажете дека мислите на нив иако не ги гледате често. Анализата на некои проекти и планирања за во иднина може да се покаже многу поважна од конкретните акции за кои сеуште не сте подготвени.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе почуствувате големи ограничувања на работното место. За жал ви претстојат проблеми поради некоја работа од минатото, а исто така и некои законски одговорности. Но ќе имате време за аргументирана одбрана на вашите постапки. Не треба да имате доверба во сите колеги, постојат онакви кои не ви мислат најдобро.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Работната сфера денска во секој случај ќе биде ваша светла точка. Оние претставници на кои работата им дозволува тимско работење ќе бидат критички расположени кон своите соработници, а за тоа ќе имаат и причина бидејќи нивната енергија и концентрација е далеку поголема отколку на колегите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП