
„Etihad“ планира да го зголеми својот удел во германската авиокомпанија „Air Berlin“, на 49,9 проценти, јавуваат германските медиуми.


„Etihad“ планира да го зголеми својот удел во германската авиокомпанија „Air Berlin“, на 49,9 проценти, јавуваат германските медиуми.
„Etihad“ во моментов поседува речиси 30 проценти од акциите во германската авиокомпанија, а како што велат медиумите, планот е да се откупат акциите од малите акционери и да се изгаси називот на компанијата „Air Berlina PLC“, од лондонската берза.
Поголемите акционери, како што е „TUI“, би го задржале својот удел.
Портпаролот на германската компанија Матиас Радовкс, изјави дека „Air Berlin“ во моментов ги разгледува овие опции, кои може да имаат далекусежни последици на понатамошна работа на компанијата.