20 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 23.03.2014

Дневен хороскоп 23.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Направeте чекор наназад. Опуштете се во светот на мечтите кој ви одговара. Убавите работи и мириси ќе ве привлекуваат.  Почастете се со некое пазарување или прекрасна вечера. Дружете се со драгите лица.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е уште еден одличен ден за вас. Сите работи по природен пат ќе се наместат на своето место, а вие нема да треба да се потрудите околу тоа. Денес би можело да остварите некои многу важни контакти па задржете ги отворени сите начини на комуникација кои можете.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Во текот на денот ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го денот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

За успешната соработка заблагодарете се на енормната количина шарм која ви помага да ги совладате сите препреки. Колегите немаат срце да ве одбијат, но внимавјате и не ги искористувајте за да ја работат вашата работа. Имате можност за нова соработка која може да ви донесе поголеми приходи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се нервиравте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, подгответе поголема сума пари. Не се потпирајте на соработниците, тие нема да ви помогнат, обидете се самите да го извлечете максимумот од неповолниот период во кој се наоѓате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Со љубезност успевате да придобиете некој кој во последно време бил прилично непријатен кон вас или сте го доживувале како личност која ве игнорира. Тоа може да биде деловниот партнер, но и некоја личност која ви е драга, можно е и да е некој пријател.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Обидете се да ја добиете довербата на еден Лав кој знае како да ви ласка но не ги отвора картите пред вас. Можно е и двајцата да се наоѓате на некој нов терен кој е непознат за вас. Сакате ризични работи и ситуации во кои вашето знаење доаѓа до израз.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Добро се согласувате со Близнаците и Лавовите кои совршено ве разбираат кога станува збор за работата. Би требало да им се посветите на вашите интереси бидејќи имате шанса да успеете во работата која можеби сега ви е хоби или со која во моментов се бавите.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не знаете да лажете, но тоа не значи дека не можете да чувате нешто што ви е кажано само вам во доверба и немате никакво право да го расакажувате наоколу. Бидете претпазливи, бидејќи ќе сакате да бидете интересни пред некого, па да раскажете нешто што ви е доверено само вам. Од друга страна, можеби некој ќе ви побара некаква поддршка или помош, за која можеби и нема да бидете расположени. Сепак, дадете напор, бидејќи накоро и вие ќе имате потреба од истиот, можеби за слична работа.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Некави новости на деловен план можат да ви ја заскокоткаат мечтата за некакви бенефити кои може да ги имате но бидете претпазливи и не допуштајте премногу да ве обземат убави и розеви мечтаења, бидејќи на вашиот деловен и професионален план малку место има за такви мисли, знаете и самите. Всушност можно е редоследот на случувањата да ве разочара по својата содржина која може да е сосем поинаква од посакуваното. Ова истото се однесува и на односот со едниот родител, посебно ако после долго време на негова иницијатива сте ги подобриле односите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Родените на почетокот на овој знак мораат посериозно да се позанимаваат со своите работи и да се вклучат во некаков проект кој би можел да им донесе подобри приходи. Ако сте предмет на критика, односно постои сомнеж за вас дека не сте доволно активни и дека не се ангажирате доволно во рамките на работата, не им забележувајте на оние кои ве критикуваат, наместо тоа од нивната критика извлечете го максимумот. Можна е обнова на соработката со некој Бик или Шкорпија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП