28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdobe подобар од очекувањата

Adobe подобар од очекувањата

adober1

„Adobe“ ги објави резлутатите од работењето во првиот квартал од фискалната година, а тие се нешто подобри од очекувањата на аналитичарите, иако е остварен пад во приходите и добивката за истиот период од минатата година.

Приходите на компанијата во првите три месеци кои завршуваат на 28-ми февруари, забележаа пад од 1 процент во однос на една година претходно или на милијарда долари, додека аналитичарите во просек очекуваат приходи од околу 973.1 милиони долари. Чистата добивка на компанијата падна на 47 милиони долари или од 65.1 милиони долари за истиот период од пред 12 месеци.

Од компанијата велат дека ќе продолжат со истиот модел на продажба на својот софтвер по пат на претплата, кој на почетокот носи помали приходи, но осигурува стабилни и предвидливи приходи на подолг период. Покрај тоа тие најавуваат дека во целост ќе престанат со класичната продажба на својот „Creative Suite 6“ и ќе го нудат само како модел темелен на претплата.

За тековниот квартал „Adobe“ очекува приходи помеѓу 1 и 1.05 милијарди долари со добивка помеѓу 136 и 167 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП