20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBentley започна да го открива своето SUV возило

Bentley започна да го открива своето SUV возило

bentli suv0900

Иако лансирањето на нивниот „SUV“ модел е планирано дури за 2016-та година, „Bentley“ започна полека да го открива изгледот на овој автомобил.

Сепак, првата официјална фотографија не прикажува премногу. Но, можеме да видиме дека компанијата се откажала од контраверзниот дизајн на предните светлосни групи од концептот „EXP 9 F“ од 2012-та година, a на предниот дел очекувано ќе доминира карактеристичната „Bentley“ маска.

„Bentley“ соопшти дека нивниот „SUV“ е замислен како „најлуксузен и најмоќен SUV“ на пазарот на овој вид на возила. Во компанијата велат дека веќе имаат добиено околу 2.000 нарачки, иако потенцијалните купувачи се уште немале можност да го видат конечниот изглед на автомобилот.

„Bentley“ планира годишно да произведува најмалку 3.000 примероци од својот „SUV“ модел. Во неговиот развој и производство во наредните три години ќе бидат вложени 800 милиони фунти (oколу 960 милиони евра).

Покрај моделот со класичен погон, кој ќе се појави во 2016-та година, планирана е и хибридна верзија за 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП