20 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 20.03.2014

Дневен хороскоп 20.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Можно е да направите нешто нелогично и пребрзо, за кое подоцна ќе жалите. Воздржете се од коментари и критики кон најблиските, бидејки нема да ви ги простат. Не е пожелно да преземате кардинални промени поврзани со вашата работа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бидете претпазливи за се – информациите кои ги поседувате, луѓето со кои комуницирате, дури и роднините, бидејки некој од нив ќе направи некоја грешка а вие ќе бидете одговорни. Повеќе набљудувајте а помалку вклучувајте се во интеракција.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Најверојатно денес ќе ви дадат добра понуда, но не ја прифаќајте се додека не соберете доволно информации и не ги израмните позициите. Не брзајте да се согласите со било каква одлука и воздржете се од било какви ветувања. Во спротивно, ќе се вовлечете во сериозна грешка или ќе си создадете непријатности.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес не се исклучува можноста да патувате на далеку, да се видите со некој или да се разделите. Можно е денес да почувствувате дополнителна негативна енергија или пак да имате караница со некој близок. На работно место е пожелно да бидете повеќе иницијативни.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Двонасочни ќе ви бидат денешните случувања. Од една страна, ќе обновите старо пријателство кое пред долго време било прекинато. Од друга страна, поради преголемиот ентузијазам можете некого да засегнете со несоодветен став. Денот како целост ќе биде успешен или барем спокоен, затоа немојте да ги иритирате луѓето околу вас со вашите критики.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Веќе договорените средби за денес ќе дадат добар резултат. Ви препорачуваме да ги обновите проектите со старите партнери, новите најверојатно ќе се обидат да ве изиграат. Оделете време за спортска активност и посветете му се на здравјето.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Очекувајте промени на работното место.  Не е исклучена можност да ве повикаат на итна средба или да ве поканат на некој важен настан за да го слушнат вашето мислење. Како резултат на тоа, ќе ги подобрите работните односи со колегите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес најверојатни се непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Денес е денот кога ќе претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе имате многу работа затоа создадете си рамноправен ритам со цел енергијата да ви трае што подолго. Не обраќајте преголемо внимание на малиот неред, кој лесно ќе го решите. На крајот на денот резултатите ќе ве израдуваат.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Преголемата зафатеност влијае негативно на вашето чувство за хумор. Одговорни сте кон работата, но премногу сериозни. Ќе се случи некаква промена која вие ја очекувате благодарение на вмешаност на личност поврзана со странство.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не се занимавајте денес со решавање на финансиски прашања и не потпишувајте никакви документи. Обидете се да ја процените реалната објективност, не идеализирајте и не се потпирајте на вашите илузии, кои и те како можат да ве наведат на погрешен пат.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Денес расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски.  Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП