5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИŠkoda забележа пад на профитот од 23 проценти

Škoda забележа пад на профитот од 23 проценти

skodajbh74t

Чешкиот производител на автомобили „Škoda“ минатата година забележа 22,9 проценти понизок профит во однос на 2012 година, односно 11,8 милијарди круни (430,65 милиони евра).

Приходите се зголемени за 22 проценти, на 268,5 милијарди круни (9,7 милијарди евра).

Зад падот на профитот стојат високите инвестиции во равојот на нови модели и падот на продажбата на некои пазари. Компанијата минатата година продаде 920,800 автомобили, што е пад од два проценти.

„Škoda“ би требало за минатата и оваа година, на матичниот концерн „Volkswagen“ да му исплати дивиденда поголема од 200 милиони евра, што е еднакво на половина од добивката по оданочувањето.

Инвестициите на „Škoda“ лани достигнаа 19,6 милијарди круни (715 милиони евра), што е за седум проценти помалку од 2012 година.

Најсилен пазар беше кинескиот, каде компанијата продаде 227,000 возила. Во однос на 2012 година тоа е пад од речиси 9.000 автомобили. Во западна Европа се продадоа за три проценти повеќе автомобили – 369,600.

Најпродаван модел повторно беше „Octavia“ со 360.000 возила. Падот од 12,2 проценти во однос на 2012 година е предизвикан со преминот на новата генерација на возила, објаснија од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП