18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 18.03.2014

Дневен хороскоп 18.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате некои недоразбирања со самите себе. И понатаму сте во фаза на емотивно задоволство, но и на преголеми очекувања. Колку сте подготвени да се жртвувате? Преокупирани сте исклучиво со себе и сопствените потреби. Денот е лош за практични работи и финансиски вложувања, но добар е за уметност и работи што вклучуваат фантазија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Разумот е на прво место. Практично размислувате, вредно работите, коректно се однесувате. Работата бара систематичност, па тоа со леснотија ќе го завршите. За одличното расположение, заблагодарете му се на партнерот и пријателите, тие целосно ве поддржуваат и ви помагаат да истраете во нешто. Планирате кратко патување.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Иако постигнувате успех, тремата и внатрешната напнатост се неминовна цена за постигнатото. Доколку се јават емотивни проблеми и судири, најдете поповолен момент за расчистување. Задоволството најдете го во работата, или занимавањето со спорт.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете победник со сите вербални дискусии, бидејќи ќе пронаоѓате солидни аргументи и ќе имате голема моќ за убедување. Искористете ги следните три седмици за преговори, важни презентации или отворени разговори за напредување во кариерата. Внимавајте на здравјето и започнете со важбање.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

На работа и понатаму добро ќе ви оди. И не само добро, ќе ги зголемите контактите и повеќе ќе се ангажирате околу соработниците. Некои ќе ја отворат вратата на нови личности за работа или пак тие самите ќе бидат повикани да работат на друго место. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Направете нешто за оние на кои им треба помош.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Засилената енергија е комбинирана со пречувствителни реакции, па лесно ќе бидете во ситуација да заплачете. Се советува да не губите глава и да не паничите, туку разумно да ги согледате своите позиции. Опасноста од повреди исто така постои, но со разумно и сталожено однесување, успешно ќе ги елиминирате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пречувствителни сте на ударите од страна, а особено неспособни да го увидите својот степен на одговорност. Не ги обвинувајте другите за сопствените неуспеси. Размислете за тоа колку сте самите одговорни за нив. Најлесно е да ја префрлите одговорноста на другите, но ништо со тоа нема да постигнете. Од нешто се откажувате со тешко срце.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се е во знакот на успешна деловна соработка и прекрасни контакти. Ја имате поддршката на Близнаците, кои единствено во ваше друштво не се незгодни. Со некого се допишувате и ги планирате идните случувања. Бидејќи се уште имате нерешени проблеми, почекајте уште некој ден за да ја донесете конечната одлука.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, во смисла на бегство од пропаднатата врска, или помирување со маните на партнерот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Идеален ден за се што има врска со партнерството и здружувањето. Надевајте се на успех во сферата на трговијата. Доколку забележите дека во средината во која се движите, односите се нарушени, потрудете се да не бидете баш вие таа личност што ќе ги исправува. Без оглед на успехот, треба да се биде реален во проценката, подготвен и правилно да се однесувате.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Пред вас е добра прилика за развој на кариерата или за усовршување во струката. Без разлика на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите, а нешто и ќе заработите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не се воздржувајте и кројте големи планови за иднината, но исто така не се плашете да направите големи чекори на професионален план, бидејќи ви претстои успех. Намалете ја нервозата, разочарувањето и депресијата. Научете да им се радувате и на малите нешта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП