9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGazprom ќе ги менува договорите за да ги задржи европските купувачи

Gazprom ќе ги менува договорите за да ги задржи европските купувачи

Gazprom NordStream

Водечкиот руски производител на природен гас „Gazprom“ размислува за промена на договорите за да ги задржи европските купувачи во случај Западот да и наметне санкции на Русија поради Украина.

Медиумите објавија дека компанијата би можела да го промени начелото „земи или плати“ според кое потрошувачите мораат да го платат гасот без разлика дали тој физички бил испорачан или не. Повеќе детали за овој предлог се уште не се објавени, а во „Gazprom“ одбиваат да ги коментираат овие гласини.

Од кога дојде на власт пред 14 години, рускиот претседател Владимир Путин ја користи државната компанија „Gazprom“ како алатка за надворешната политика. Ценовниот спор со Украина резлутираше со „гасна војна“ во склоп на која Русија ја прекина испораката. Аналитичарите сметаат дека „Gazprom“ најверојатно нема да биде тешко погоден од можните санкции.

„Gazprom“ задоволува скоро третина од употребата на гас во Европа и веќе прифати да ги намали цените на главните европски купувачи, како германски „E.ON“, се со цел да го задржи пазарниот удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП