17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 17.03.2014

Дневен хороскоп 17.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови работи кои би можеле да ги зголемат приходите во работењето. Ќе направите нови планови во таа насока. Ќе се борите за поддршката на другите да ги поттикнете или барем да ги насочите. Нешто ќе ви успее.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес времето ќе биде од клучно значење за вас. Ќе бидете принудени да правите и по неколку работи истовремено, само за да ја зголемете својата продуктивност и ефективност. Но, за вас поимот мултитаскинг не е нов, па притисокот на роковите нема да ве „скрши“ и ќе успеете да направите се што ќе наумите. Резултатите ќе бидат очигледни.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ја постигнавте целта повеќе од очекуваното и сега чувствувате потреба за одмор или барем мала пауза. Кој може нека патува. Кој се уште работи, веројатно и понатаму ќе работи вредно, некои ќе менуваат колега, па ќе работат за двајца. Издржете со насмевка на лицето.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работите обврски.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања. Разумно распределувајте ги парите. Бидете трпеливи во односот со партнерот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите способности многу повеќе доаѓаат до израз кога знаете дека некој е еден чекор зад вас. Денес ќе ве обземе некое песимистичко чувство во врска со вашата кариера и придобивањето на финансиски средства. Работата нема сама да се заврши, а и вие не можете да бидете на две места истовремено.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Лошо се организирате и си создавате беспотребни обврски. Планетите имаат големо влијание над вас, искористете го тоа. Намалете ги дневните активности и повеќе време посветете му на одморот. Чувајте се од повреди кои можат да бидат сериозни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во хармонија сте со себеси и тоа доаѓа до добрата комуникација со околината. Егото ви е нахрането и имате многу среќни моменти. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Постојано сте опкружени со непријатни случки кои сакате да ги скриете од блиските. Не обвинувајте некого, сами сте виновни за таквата состојба.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Проблемите со нервниот систем ви укажуваат на тоа дека сте живееле во илузија. Потрудете се да ја совладате општата внатрешна збрка, иако ќе ви биде тешко. Во лоша состојба сте, но не барајте вина во другите. Треба да го промените размислувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП