17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.03.2014

Дневен хороскоп 16.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес може да одлучите да и се посветите на работата многу повеќе отколку вообичаено. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од денот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес поради потребите на вашата кариера можеби ќе ги потиснете вашите потреби. Сепак, вашата амбиција ќе биде задоволена со некои информации кои може да ги добиете од далеку. Многу е веројатно дека таа информација ќе ви биде од корист затоа искористете ја без чекање.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината еднаш месечно престојува два и пол дена во вашата астролошка куќа на интуицијата и сега со полн сјај ви испраќа позитивни вибрации и оптимизам. Има многумина на кои можете да се потпрете, особено на некој Ракови или на некој Јарец. Месечината во Близнаци навестува можност за разговор со лица на некоја позиција, но со многу млади лица, а на вас тоа ви одговара бидејќи ќе бидете во можност да дадете предлози за кои сте уверени дека ќе бидат прифатени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

На некого сте му многу драги, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис, друштвени врски и сл. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив. Финансиите во овој период ќе бидат вашата најслаба страна.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за Овен или Близнаци. Во пријателските односи сте исклучително фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари, бидејќи денешната позиција на планетата Меркур во астролошкото поле на партнерските односи ви одговара. Ако сакате партнерски однос со некој кој долго време го познавате, особено ако станува збор за личност со добар углед, покажете иницијатива.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Никој нема да може да ви ја украде насмевката од лицето. Ќе бидете расположени за дружење и забава, па ќе занемарите некои обврски за да си ги исполните желбите. Денес ќе се уверите колку е важно да бидете искрени со луѓето кои сакате засекогаш да останат во вашиот живот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Сe натпреварувате и ги докажувате сопствените вредности. Сакате да ја убедите околината на некои свои замисли. Не можете да избегнете нервоза и покрај тоа што сте урамнотежени. Доколку размислувате за патување ќе ви биде полесно. Нема да можете да се сопрете ниту за минута и постојано ќе ви надоаѓаат креативни идеи за нови теми на разговор.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Повеќето припадници на овој знак ги придвижува желбата за докажување и успех. И самите чувствувате дека се менуваат односите во деловното опкружување, а вие сте тука некаде дали со знаење, или со издржливост. Влеговте во еден подолг период кој ќе доминира и во наредните два месеци кога би требало да го остварите својот деловен сон. Повторно ви се дава можност да добиете подобро работно место или место на кое сте работеле и сте биле задоволни.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Послушајте ја интуицијата која е особено изразена. Таа ќе ви каже што да направите и како да се однесувате. Сакате некои работи да ги испланирате однапред. Се трудите да ги ублажите проблемите и тоа ви успева. Внимавајте, некоја Шкорпија ви работи зад грбот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Избегнувајте јавни излегувања и комуникацијата сведете ја минимум. Кога станува збор за работата, бидете реални. Не дозволувајте повторно да бидете затекнати со непријатно искуство. Кога ќе размислите подобро ќе пронајдете сила да излезете од оваа ситуација, не се оптеретувајте со финансиите, на ова поле ќе видите подобрување во наредната година.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Обидете се да работите повеќе, некако во последно време се обидувате да се извлечете од работата. Секојдневните бесмислени разговори ви стануваат здодевни. Затоа, кога разговарате со пријателите, изберете посериозни теми. Денес обидете се да пронајдете инспирација во туѓите зборови и не се плашете да се спротивставите.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не го полнете вашиот дневен список со многу задачи и обврски затоа што ве очекува еден не толку продуктивен ден. Иако имавте силна желба денес да расчистите голем дел од задачите кои ве очекуваат оваа недела, најверојатно ќе треба малку да ги одложите плановите. Добра вест е што ќе бидете многу креативни, па искористете го тоа до максимум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП