17 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.03.2014

Дневен хороскоп 14.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Постојано доживувате психички промени, стабилизирајте се, луѓето почнаа чудно да ве гледаат. Ќе бидете во непредвидливо и „незгодно“ расположение и ќе сакате да ги подбуцнувате другите, но тоа ќе се промени во втората половина од денот, на големо задоволство на луѓето околу вас.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ве очекува поволен период, но потрудете се емотивниот живот да ви биде на прво место. Се чувствувате незадоволно, но тоа ќе трае кратко. Насочете се кон оние работи кои ви одат од рака. Закажете средба со пријателите, тоа ќе ве релаксира комплетно.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во овој период ви недостига виталност. Премногу сте осетливи, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Бидејќи не се трудите ништо да промените, не надевајте се на промени. Се нервирате и напнати сте. Потрудете се да сфатите каде сте згрешиле, а потоа надевајте се на успех. Проблемот со парите ви стана секојдневен, скратете ги непотребните трошоци.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не оптоварувајте се со актуелни проблеми. Свесни сте за моменталната ситуација, па ќе ви биде лесно да издржите. Бидете трпеливи. Размислувате да го подобрите финансискиот статус и ги вложувате сите сили за да успеете. Ве очекува интересна пријателска средба.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Тешко ја прифаќате реалноста и тоа моментално не одговара на вашите очекувања. Ве очекуваат болни моменти на емотивен план. Занимавајте се со убави работи за да избегнете криза. Во вечерните часови опуштете се во друштво на пријателите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Само со трпеливост и упорност можете да испливате од проблемите. Ако сте непромислени, може да биде уште полошо. Премногу се истакнувате, вашето его започна да им оди на нерви на другите. Внимавајте, ќе загубите дел од вашиот тим доколку така продолжите. Здравјето не ви е стабилно, затоа обрнете повеќе внимание на тоа.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Наидувате на вообичаената препрека кога станува збор за работата. Сето тоа ве прави дополнително нервозни и раздразливи. Партнерот сака да ви укаже на грешките, а вие го слушате само со едно уво. Обидете се да се поправите, ја нервирате околината.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Во целосен елемент сте. Се занимавате со она што го сакате и задоволни сте. Моментално единствено што може да ве изненади е беспарицата, на се друго сте навикнати. Емотивната ситуација е сјајна, очекувајте да биде уште подобро.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ова е одличен ден ако се занимавате со уметност, а лош за сите практични работи. Свесни сте дека односите со партнерот влегуваат во сериозна криза. Немате сила да ги промените работите, затоа не обвинувајте ги другите.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате работите да се одвиваат така како што сте замислиле. Може да бидете вознемирени, но потрудете се да се релаксирате. Лесно ќе ги пребродите проблемите ако најдете дипломатско решение.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидејќи до резултати доаѓате со нечија поддршка, морате да бидете подготвени на соработка. Сето тоа нема да ви биде тешко, бидејќи знаете дека ќе даде резултат. Бирајте зборови, некој може погрешно да ве разбере.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП