20 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 13.03.2014

Дневен хороскоп 13.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате доста проблеми, не стојте во место, движете се и решавајте ги. Во нешто ќе успеете а во нешто не. Не обидувајте се да се радувате предвреме, кога реално немате причина за тоа. Испланирајте го времето. И семејството се лути поради вашите чести изговори за отсуството и невниманието кон нив.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Евидентна е менталната, емотивна и физичка криза. Одговорот на многу прашања побарајте гo во недостатокот на виталност, па насојувајте да зајакнете. Ви годи самотијата, зашто никој не е во состојба да ве расположи. Помошта од страна е незначителна, а луѓето неадекватни. За среќа, целосното незадоволство е само субјективно и минливо.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Планетите ќе се погрижат ова да биде еден од вашите посреќни денови во оваа година. Се разбира и од вас се бара мал труд. Покажете ентузијазам и страст, но балансирајте ги со воздржаност. Колку и да сакате нешто да се случи, не треба да си дозволите да изгледате очајно. Ќе добиете интересен предлог на кој нема да можете да му одолеете.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес одлично се чувствувате, и покрај тоа што сте напорни за околината. Колегијалните односи постои можност да бидат нарушени, но тоа не треба да ве загрижува. Морате да покажете повеќе толеранција кога станува збор за партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Го менувате предметот на интерес, преокупирани со нови интересни содржини. Се обидувате нешто од наученото да примените во пракса и тоа со цел за подобро да функционирате. Бидејќи не сакате да ви недостасуваат основни работи, потрудете се да ги подобрите животните услови. Неуморни сте.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Планетите навестуваат среќа, љубов, брак, поднова… Со еден збор ве поддржуваат во настојувањата да уживате. Моментално ви се туѓи проблемите што до вчера ве нервираа. Сфаќате дека погрешно сте постапувале. Вљубениот човек е среќен, а со самото тоа и здрав. Уживајте.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и пречи вашата себичност.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Со Близнаците одлично соработувате, што не е баш честа појава. Вашите мисли се окупирани со нови содржини, па можеби сте малку површни. Ќе мине и таа состојба, но желбата за знаење нема. Ситуацијата бара преквалификација, т.е. стручно усовршување. Планирате нови семејни средби. Не мирувате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вложувате огромен напор за да ги извршите обврските, но не ви е тешко, зашто сте свесни за целта. Снаодливо ги решавате семејните прашања, не сакајќи никого да повредите со сопствените чувства. Фантазирате за една средба.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Бурни реакции, кавги и нервирања… Водолиите кои се обезбедиле на емотивен план нема да ги имаат овие проблеми. Тие се мирни како бубачки. Оние другите, со помалку среќа, незадоволството ќе го префрлаат на околината, обвинувајќи ја за сопствените неуспеси. Се надеваме дека припаѓате на првата група и не ширите нервоза.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Планирате нови деловни и општествени контакти. Се обидувате да организирате средба со лица што долго не сте ги виделе и кои речиси ве заборавиле. На работа успевате да бидете интелектуално надмоќни. Дружењето со Близнаците и Девиците е вистински мелем за душата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП