
Производителот на автомобилски делови, „Capricorn“, стана сопственик на познатата германска тркачка патека за сума од околу 100 милиони евра.


Производителот на автомобилски делови, „Capricorn“, стана сопственик на познатата германска тркачка патека за сума од околу 100 милиони евра.
На тој начин, патеката и придружните објекти ќе останат и натаму во германски раце, а новиот сопственик според домашните медиуми во комплексот ќе вложи дополнителни 25 милиони евра.
„Capricorn“ и пред оваа трансакција имаше деловни врски со Нирбургринг, со оглед на тоа дека од 350-те вработени во компанијата, од нив 100-тина работеа во тест-производниот центар на овој производител кој се наоѓа во објектот во ракмите на патеката.
Кога станува збор за иднината и намената на Нирбургринг, според најавите на новиот сопственик, фановите немаат причина за страв. „Capricorn“ соопшти дека ќе продолжи да организира трки и други дополнителни манифестации на кои патеката и досега беше домаќин.
Како можни купувачи на патеката Нирбургринг, која во последните години беше во финансиски проблеми, во јавноста меѓу останатите се појавуваа и американската компанија „HIG Capital“, германски „ADAC“ и Берни Еклстоун, а љубителите на автомобили кон крајот на 2013-та година одржаа протест за спас на патеката.