10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 12.03.2014

Дневен хороскоп 12.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Денес бидете директни во разговорите. Ако имате предлог за забава, кажете го без заобиколување. Ако некој позајмил од вас нешто и сакате да ви биде вратено, без воздржување побарајте го. Ако сакате повеќе романтика во врската, кажете му тоа на партнерот. Не претпоставувајте дека луѓето читаат меѓу редови, затоа што најголем дел од нив воопшто не се обидуваат да го прават тоа.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот, јадете здраво и вежбајте.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе забележите дека финансиската состојба ви се подобрува и тоа ќе ви влијае особено позитивно на расположението. Денес имате прилично динамичен ден со можни резултати на деловен или професионален план. Не го запоставувајте семејството и партнерот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Можеби денес ќе ве огрее некаква среќа што се однесува до парите, можеби тоа ќе биде платата или пак некои ветени средства што сте ги очекувале. Сепак, внимавајте на вашите финансии, лошо ги распределувате. Вашите соработници се задоволни од вашето учество во важните проекти, продолжете така.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Проблемите на работното место ќе ве демотивираат, ќе посакате да средите се, но кога ќе ја разгледате ситуација и ризиците ќе се повлечете. Вашите надредени се разочарани од вас и вашето работење кое не е онакво како што сте ветиле. Здравствената ситуација е солидна, но внимавајте на исхраната.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Мистериозни сте и вашите чувства не сакате да ги покажете на другите. На почетокот ќе се заинтересираат за што станува збор, но ако сте премногу упорни во неоткривањето, лесно ќе се оддалечите од нив. Ако сакате да постигнете квалитетна врска, без разлика дали е работна или пријателска, треба да разговарате со таа личност. Премногу сте ладнокрвни.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Социјалните активности ќе бидат исклучително сериозни и ќе бидете исправени пред многу сериозни и одговорни нешта и дејности, помагање на другите, а тоа ќе морате да го правите доследно, што е мал проблем за вашиот знак, одговорно, што е уште еден мал недостаток на вашиот знак, и пожртвувано, што е голема предност на вашиот знак.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некои луѓе со кои работите во последно време се неподносливи за соработка. Важно е да не се оптоварувате со нив. Концентрирајте се на она што го работите и направете го на најдобар можен начин. Партнерот од вас ќе бара повеќе внимание. Овозможете му го тоа за да не дојде до меѓусебно недоразбирање.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ќе реализирате некакви нешта кои се врзани за вашиот статус или кои ви се од голема важност. Всушност, енергијата ќе ви биде насочена кон остварувања на некакви придобивки, но не на материјален план, туку на планот на важноста, престижот или почитувањето.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу нешта се случија во текот на изминатите неколку недели и сега сакате да одговорите на некои прашања, зашто не ви се допаѓа кога работите ќе останат неразјаснети. Клучот во сето тоа е да прашате. Тешко дека нешто ќе дознаете доколку прашањето не го поставите на вистинската личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП