19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJames 2025 - виртуелниот кокпит на иднината (видео)

James 2025 – виртуелниот кокпит на иднината (видео)

VW-James-2025

„Audi“ и „Volkswagen“ на манифестацијата „CeBIT“ го претставија виртуелниот кокпит „James 2025“. Опишан како виртуелен кокпит од иднината, овој прототип поседува и бројни контроли кои автоматски се подесуваат и менуваат според условите за возење.

Како на пример, кога автоматскиот режим на возење е активиран, воланот, позицијата на седиштата и системот за суспензија се менуваат. Екранот на системот исто така ги покажува планираните маневри при возењето, додека другиот екран обезбедува пристап до информационо-забавниот систем.

Додека овие технологии и натаму се многу години зад нас, но извршниот директор на „Volkswagen“ Мартин Винтеркорн рече дека предизвиците со кои во овој проект се соочуваме се модернизација на инфраструктурата, класификација на правните аспекти и зајакнување на Германија како „IT“ локација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП