26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо 20 години Форд ја напушта Лигата на шампионите

По 20 години Форд ја напушта Лигата на шампионите

FordUEFA

Американскиот производител на автомобили, Форд, повеќе нема да биде главен спонзор на Лигата на шампионите во фудбал, објави УЕФА на својата веб-страница.

Форд беше спонзор на најистакнатото европско натпреварување повеќе од 20 години, но соочени со падот во побарувачката на автомобили во Европа, Форд одлучи да не го продолжи договорот. Актуелниот договор помеѓу двете страни истекува со одигрувањето на финалниот натпревар, кој во мај месец ќе се одигра во Лисабон.

Инаку за потсетување, американската компанија својата соработка со европската куќа на фудбалот ја започна уште во далечната 1992-ра година.

Во исто време, пиварницата Хајнекен минатата година го продолжи спонзорскиот договор со УЕФА за Лигата на шампионите до 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП