4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовена платата на Извршниот директор на eBay

Преполовена платата на Извршниот директор на eBay

john-donahoe111

Интернет страната за електронска трговија „eBay“ ги преполови финансиските надоместоци на Извршниот директор Џон Донахју, објави „ВВС“. За 2013-та година тој добил само 13,8 милиони долари, во кои влегуваат плата и бонуси, а една година порано тој заработи 29,7 милиони долари.

Иако неговата плата е зголемена за околу 2 проценти, годишните приходи на Донахју се намалија за 43 % во споредба со 2012-та година. Од компанијата соопштија дека нивниот Извршен директор одлично ги реализирал обврските и одговорностите, но нивното финансиско претставување не е според очекувањата.

Во последниот квартал од минатата година „eBay“ забележа приходи од околу 850 милиони долари – зголемување од 13% , но овие резултати беа далеку од очекувањата на компанијата.

Суровото кратење на парите на Донахју доаѓа во позадина на тековната битка меѓу „eBay“ и акционерот Карл Ајка во врска со бизнисот за онлајн плаќања „PayPal“. Ајка повика на поделба на „eBay“ од „PayPal“, кој тој го купил во 2002-ра година за 1,5 милијарди долари.

„PayPal“ е главниот двигател на растот на „eBay“, откако се повеќе корисници се свртуваат кон онлајн шопингот, што доведува до зголемување на услугите за онлајн плаќања. Единицата опфаќа речиси 40 % од вкупните приходи на „eBay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП