2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРаспродадени сите единици од моделот Bugatti Legend

Распродадени сите единици од моделот Bugatti Legend

rembrant bugati

И покрај тоа што и натаму бележи загуби со секој произведен модел, неможе да се каже дека „Bugatti“ направи лош потег со воспоставувањето на нивниот бренд. За време на саемот за автомобили во Женева, оваа компанија претстави четвртина од шестте единици на „Legend“ серијата – „Rembrandt Bugatti“.

Од „Bugatti“ истакнуваат дека сите модели во рамките на оваа серија веќе се продадени на купувачи од Блискиот Исток и САД, а за едно од овие возила потребно е да се одвојат 2.18 милиони евра. Со ова возило е оддадена почит на Рембрант Бугати, братот на Еторе Бугати, еден од најпознатите скулптори на дваесетитот век.

rembrant bugati1

Возилото е базирано на „Veyron Grand Sport Vitesse“, го одликува 1200ks излезна моќ, како и 1500Nm вртежен момент. Благодарејќи на тоа, за забрзувањето до 100km/h на ова возило му се потребни 2.6 секунди, додека максималната брзина која може да ја развие е 375km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП