10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 11.03.2014

Дневен хороскоп 11.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ве разочара една одлука на вашиот шеф која ќе се однесува на вас. Немојте случајно да им покажувате на колегите дека сте депримирани, туку одглумете насмевка. Поканете го шефот на разговор и потрудете се да му повлијаете да го промени своето мислење.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Имате некои недоразбирања и несогласувања со самите себе. Обидете се да размислувате позитивно. Постојано се нервирате за нешта кои не сте успеале да ги завршите, а во вашата околина некој друг веќе ги поседува. Им посветувате премногу време на другите луѓе, а со тоа целосно ја трошите својата енергија. Насмевнете се, време е за промени во размислувањата.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денешниов ден би можел да биде почеток на низа позитивни промени. Соработката со некој нов колега ќе излезе плодна и успешна, но на љубовен план би можеле да се соочите со проблеми и тоа само затоа што ги криете чувствата. Погрижете се и за здравјето, јадете здрава храна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Позитивниот став и разумниот пристап кон работата е единствен начин да го преживеете денешниов ден. Шефовите ќе бидат во хаос и ќе прават грешки, кои ќе ви ги препишуваат вам. Благодарение на вашата снаодливост, негативните последици ќе бидат ублажени.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ако мислите дека времето е на ваша страна, се лажете. Доколку сте студент, крајно време е да се позанимавате со испитите, а за останатите – да ги завршат своите проекти и работи. Живеете во свој свет во кој мислите дека правилно постапувате, време е за промени.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сте заљубени, ве чека прекрасен ден. Партнерот по секоја цена ќе се обиде да ве заведе и притоа нема да бира ниту начин нити средства. Слободните Девици ќе размислуваат за својата иднина, но препорачливо е да не брзаат со своите одлуки.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во текот на утрото бидете внимателни и промислени во она што го потпишувате, а сите нејаснотии во комуникацијата отстранете ги детално. Не дозволувајте никој да влијае врз вашите деловни одлуки. Попладнево ќе се олабавите во убаво друштво.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вашиот однос со еден близок колега денеска ќе биде ставен на тест и тоа поради финансиски проблем. Не дозволувајте општата беспарица да ги истроши вашите нерви и да ве натера на кавга со добар колега. Обидете се да ја сфатите ситуацијата реално, не се расправајте, ако е потребно извинете се.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денеска ќе запознаете многу интересно лице на кое тешко ќе можете да му одолеете. Ако сте во стабилна врска, внимавајте што правите зашто би можело да се случи сешто. На работа потрудете се да ги задржите конците во свои раце за да не дојде до несакана експлозија.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Колегите ве исфрлаат од рамнотежа. Едноставно, не можете против нивниот работен ритам, иако нивните одлуки ви изгледаат бескрајно глупаво. Со оглед на тоа што вашиот труд нема да донесе резултати, повлечете се настрана и останете пасивни извесен период.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Денешниов ден ќе ви донесе многу изненадувања. Ако можете, излезете порано од работа и обидете се да го минете денот како што сакате. Ако пак не можете да ги одложите обврските, завршете ги порано, за подоцна да можете да се забавувате.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вашите барања и тврдоглави ставови денеска ќе ви ја отежнат и така комплицираната деловна ситуација. Единствено решение, за жал, се толеранцијата и компромисот, па затоа обидете се да се однесувате во согласност со нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП