28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТанц со Audi A8

Танц со Audi A8

vvvv

Со звуците на Јохан Штраус беше отворен традиционалниот Виенскиот бал кој се одржа по 15-ти пат во хотелот Александар Палас. Виенскиот бал во Скопје е културно-музичка манифестација која што ја потврдува македонско-австриската соработка на поле на културата и уметноста. Повеќе години наназад брендот Audi е присутен на овој настан како и на повеќе други значајни културни случувања во Македонија.

audia

Audi, овојпат на Виенскиот бал се претстави со својот знаменосец, новиот, извонреден Audi А8 кој импресионира со своите бескомпромисно високи стандарди. Неговата совршена силуета ги воодушеви гостите, а впечатокот го дополнија и новите Audi Matrix LED светла, направени според последниот збор на технологијата. Овие светла за прв пат се вградуваат кај новиот Audi А8 а со нив брендот Audi уште еднаш докажува дека е лидер во иновациите во премиум класата. Audi Matrix LED светлата произведуваат квалитетна светлина со посебен кристален сјај. Преку ден, тие исто така, имаат многу атрактивен и препознатлив изглед, за кој придонесува и новата форма на дневните светла.

На балот можеа да се видат и претставниците од сегментот премиум спортско корисни возила: Audi Q3 и Audi Q5 како и автомобилите  Audi А5 Sportback и Audi A6 кои исто така им го привлекоа вниманието на присутните гости.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП