10 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.03.2014

Дневен хороскоп 10.03.2014

zodiac222

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ви недостасува одмор и релаксација. Денес ќе бидете оценувани од луѓето околу вас. На работа дајте се од себе за да изгледате професионално и не оставајте простор за негативни коментари кон вас. Можно е да имате несогласувања со вашиот партнер во врска со некои ваши самостојни одлуки.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас е креативен и убав ден, така што немате причина да се жалите. Уживајте во сопствената среќа, но прво решете ги работите со себеси. Треба да знаете до која мера можете да се жртвувате за најблиските, бидејќи тие почнаа да ја злоупотребуваат вашата добрина.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Само доколку се залагате и активно преминувате преку проблемите, можете да уживате во плодовите. Во спротивно, грижите ќе влијаат врз вашиот и онака кревок нервен систем. Одете во природа, подалеку од блиските и работите ќе си дојдат на свое место.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку се насочите кон работата и креативните моменти, ве очекува успех. Во спротивно, фрустрациите ќе ве совладаат. Потрудете се да избегнувате непријатни ситуации. Излез постои, но мора да преземете конкретни професионални потези.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Само доколку постапувате исправно, можете да се надевате на поволен исход. Во спротивно, агонијата продолжува. Насочете се кон себе и почекајте поволен момент, тогаш ќе бидете во ситуација да ги согледате проблемите објективно.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ги држите сите конци во рацете. Одлучни сте и истрајни, па никој не се сомнева во вашиот успех. Околината се чуди како ви успева толку добро да функционирате. Се чувствувате потценето, а тоа е последица од недоволната самодоверба.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашата друштвена природа и желбата за комуникација моментално се во прв план. Одлично се чувствувате бидејќи сте задоволни во сите сегменти од животот. Партнерот се труди пријатно да ве изненади. Доколку не успее, потрудете се да одглумите задоволство.

rak1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Проблемите полека завршуваат. Загубите мора цврсто да ги поднесете и да се насочите кон работи кои го бараат вашето внимание. Никој не се сомнева во успех кога сте вие во прашање. Во секој момент мора да бидете свесни за своите вредности.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Иако е почеток на работната седмица, нема да можете да се фокусирате на задачите и да ги завршите во планираните рокови. Мислите ќе ви летаат и никако нема да успеете да се сконцентрирате. За среќа, ова ќе биде само краткотрајно, па како што ќе поминува денот, така ќе станувате се попродуктивни и поефективни.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа, а останатите ќе сакаат да им помагаат на другите. Некои ќе се покажат како добри советници, а своето знаење лесно ќе го применат во пракса. Малите недоразбирања во комуникацијата ќе бидат со краткотраен карактер.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашиот љубовен живот ќе стане потивок, подискретен. Ќе делувате на разни фронтови, но нема да постои ништо толку силно што потполно би ве преокупирало. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи, а тие ви се потребни бидејќи сега имате помалку сила од вообичаено.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не сте сигурни во своите идеали. Затоа барајте нови. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат колегите кои им се допаѓаат. И тоа е добро понекогаш, но сепак треба да се има свој став и начин на однесување. Обрнете внимание на своите цели во работата. Наполнете ги батериите со омилениот спорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП